18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Бон Џови“, „Рејдиохед“ и „Депеш Мод“ номинирани за влез во Куќата на...

„Бон Џови“, „Рејдиохед“ и „Депеш Мод“ номинирани за влез во Куќата на славните

Американскиот бенд „Бон Џови“ и британските „Рејдиохед“ и „Депеш Мод“ се на листата на номинирани за влез во Рокенрол куќата на славните за 2018 година.

Меѓу номинираните се Кејт Буш, „Дајр Стрејтс“, „Јуритмикс“, Ел-Ел Кул Џи , „Муди Блуз“ и џез пејачката Нина Симоне, која почина во 2013 година.

Фановите можат да гласаат за своите фаворити на мрежната станица RockHall.com.

Петмина изведувачи од листата што ќе ги одбере публиката влегуваат во т.н. категорија „гласови од фановите”, по што овој избор се комбинира со изборот на жирито во кое се наоѓаат повеќе од 900 изведувачи и претставници од музичката индустрија.

Конечната листа ќе биде објавена во декември, а свечениот прием во клубот ќе се одржи на 14 април во Кливленд, каде се наоѓаа Рокенрол куќата на славните.

Во април 2016 година во Куќата на славните влегоа и кантри пејачката Џоан Баез, групата „Прл Џем“, ЕЛО, „Јес“, „Џрни“ и починатиот рапер Тупак Шакур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП