10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМНТ ќе гостува во Охрид со „Не се клади на Енглези”

МНТ ќе гостува во Охрид со „Не се клади на Енглези”

На 6 октомври со почеток во 20 часот, како гостувачка претстава на репертоарот на Народниот театар Охрид, ќе се одигра комедијата „Не се клади на Енглези“, чиј автор е Владимир Ѓурѓевиќ, а во режија на Синиша Евтимов. Играат актерите на МНТ: Оливер Митков, Сашко Коцев и Александар Микиќ.

Претстава што го третира феноменот спортско обложување. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од тоа. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн. Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава – обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

Претставата премиерно во Скопје е изведена во март 2014 и веќе трета сезона е незаменлив дел од репертоарот на МНТ. „Текстот е многу примамлив. Хит е во Белград, Загреб, Софија и во Скопје и веќе неколку години се игра. Дејството се случува во едно маало, со препознатливи ликови и ситуации. Еден многу важен феномен кај нас е обложувањето“, изјави Коцев и додаде дека текстот е напишан на сленг.

Според актерот Митковски, темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде што, како што рече, игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот.

Билетите за претставата по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба в петок (29 септември) на билетарата при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Народен театар Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП