24 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВие само прашајте, ChatGPT ќе пронајде - нова опција за полесно купување

Вие само прашајте, ChatGPT ќе пронајде – нова опција за полесно купување

OpenAI воведе ново ажурирање на ChatGPT кое им овозможува на корисниците полесно да купуваат преку интернет директно преку разговор со вештачка интелигенција, односно директно во разговорот.

Доволно е да поставите прашање во разговорот што сугерира дека сакате да купите нешто, на пример: „Барам црн фустан за летна свадба“. Потоа, ChatGPT ќе понуди персонализирани препораки за производи, презентирани преку фотографии, кратки описи и директни линкови за купување на веб-страниците на трговците. Новата функција вклучува категории како мода, убавина, производи за домаќинството и електроника.

За разлика од класичните интернет пребарувачи, препораките на ChatGPT не се реклами и OpenAI не заработува провизии од нив, истакнува компанијата. Производите се избираат врз основа на податоци од трети страни, како што се цени, описи и прегледи, а корисниците можат дополнително да ги прилагодат препораките според нивните преференции.

Од OpenAI истакнуваат дека нивната цел е да го поедностават процесот на онлајн купување, кој често вклучува прелистување на бројни страници и долго истражување. Покрај препораките за производи, ChatGPT ќе може да одговори и на дополнителни прашања на корисниците, како на пример за политиките за враќање кај различни трговци на мало или искуствата на други клиенти.

Новата функција е достапна во најновиот модел на вештачка интелигенција GPT-4o и може да ја користат сите корисници на ChatGPT – вклучувајќи ги Pro, Plus и бесплатните корисници, како и оние кои ја користат услугата без да се регистрираат.

Како што пишува Ројтерс, OpenAI планира да ја прошири оваа опција на уште повеќе категории на производи со текот на времето.

Овој потег доаѓа во време кога OpenAI се стреми да ја намали доминацијата на Alphabet, сопственикот на Google, во просторот за интернет пребарување, нудејќи им на корисниците поприлагодена алтернатива на резултатите од Google, кои во голема мера зависат од рекламирањето.

Во февруари, бројот на неделни корисници на услугите на OpenAI надмина 400 милиони, изјави портпарол на компанијата за Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП