15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУтре eднодневен саем на книги во Штип

Утре eднодневен саем на книги во Штип

Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип утре „Македоника литера“ ќе организира еднодневен саем на книги во рамки на придружните активности на театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“.

Истиот ден со почеток во 12 часот ќе се одржи портрет на писателот за деца Киро Донев, од кого „Македоника литера“ последниве години објави осум книги.

Освен книгите за деца на Киро Донев, на еднодневниот саем „Македоника литера“ ќе продава книги од својата акција „100 книги по 100 денари“. Продажбата на книги со попуст ќе се одвива од 11:00 до 18:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП