6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВлатко Стефановски и Амет Шериф добитници на наградата „11 Октомври“

Влатко Стефановски и Амет Шериф добитници на наградата „11 Октомври“

Музичарот Влатко Стефановски и историчарот Амет Шериф се добитници на државната награда „11 Октомври“.

„Државната награда ‘11 Октомври’ за 2017 година за животно дело во областа на културата и уметноста му се доделува на Влатко Стефановски, музички уметник, а за животно дело во областа на науката и образованието наградата му се доделува на проф. д-р Амет Шериф, историчар“, соопшти Министерството за култура.

Одлуката стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РМ“.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП