5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТрето издание на книгата „Светулка за Ханука“ од Томислав Османли

Трето издание на книгата „Светулка за Ханука“ од Томислав Османли

Деновиве под логото на издавачката куќа „Икона“ од Скопје од печат излезе третото македонско издание на книгата „Светилка за Ханука“ од Томислав Османли.

Книгата соржи девет прози, колку што свеќи или кандила има обредната ламба или свеќникот за Ханука, еврејскиот Празник на светлината. „Светилка за Ханука“ е збирка раскази и новели на еврејски теми кои се случуваат во меѓувоениот и воениот период пред сѐ во Македонија, поточно Битола, Штип и Скопје, но и во Белград, Варшава, Атина, Софија, Солун, на островот Закинтос, како и на просторот на географскиот и на фикцискиот, „небесен“ Ерусалим доловен како претсмртна апотеоза на еден скромен метлар од Битола, во една од прозите на книгата во која парадираат галерии како од историски познати така и од мали анонимни луѓе.

Овие раскази и новели на македонскиот автор беа објавувани во низа списанија, портали и гласила: во Полска, САД, Србија, Хрватска, Грција, Белгија, Турција, Аргентина… при што сефардското списание „Лос муестрос“, кое се појавува во Брисел, во текот на двегодишни континуирани објавувања ја публикуваше целата книга на Османли во високотиражни објави на англиски јазик, а еден нејзин дел, одново, и на ладино, или на јудео-шпански, јазикот на Евреите Сефарди, во преводите на госпоѓа Шаропе Бланко.

Првпат книгата ја објави книгоиздателството „Форум“ од Скопје во 2008 година. Уште едно издание на книгата „Светилка за Ханука“, овој пат на српски/хрватски јазик, во превод на Љупчо Силјановски во 2009 година беше промовирано на „Лимуд кешет” големиот собир на еврејските заедници од регионот, кој таа година се одржа во Суботица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП