21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСедум дијаманти за „Браќа Манаки“

Седум дијаманти за „Браќа Манаки“

Часовници и накит „Божиновски“, како партнер на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола, доделува 7 дијаманти на 7 -те дијаманти на „Браќа Манаки“. Целта на ваквиот потег е да се поддржи кинематографијата и преку ваквото признание да се уважат и мотивираат создавачите на филмот да се создадат уште многубројни дела што ќе останат запишани во историјата на филмот.

„Секој живот има свој почеток и свој крај, зад нас остануваат само делата што ги создаваме во текот на својот живот, во ова вечно градилиште. Филмот е можеби најсилниот печат што ја има моќта да зборува за одредена временска инстанција и на тој начин да го задржи континиумот на вечноста. Токму затоа одлучивме на симболичен начин да ги почитуваме творците на филмови и луѓето што придонесуваат за неговото опстојување затоа што нивните дела се дијамантите што ќе сјаат во иднината, идентично како што денес, 65 години подоцна, првиот македонски игран филм „Фросина“ сјае зборувајќи ни за минатото. За нас како компанија, како Часовници и накит „Божиновски“, нема поголема чест да го уважиме овој момент и на симболичен начин да ѝ дадеме поддршка на македонската кинематографија. Нека делата на македонските филмски дејци бидат вечни исто онака како што се вечни дијамантите“, изјави Ана Божиновска, бренд-менаџер на Часовници и накит „Божиновски“.

Еден дијамант му беше доделен на лауреатот Пјер Лом по неговиот мастер клас одржан во склоп на „Браќа Манаки“. Другите 6 дијаманти ќе се доделат на коктелот, кој ќе се одржи во чест на 65 – годишнината од филмот „Фросина“, кој претставува своевиден дијамант на македонската кинематографија.

Од „Божиновски“ нагласуваат дека ќе продолжат со континуирана поддршка на сè она што значи култура и уметност во нашата земја бидејќи задача на сите, а особено на компаниите, е да најдат сила, но и љубов, да го поддржуваат творештвото во нашата земја и од неа да направиме попријатно место за живеење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП