18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Џган” добитник на Гран при на Филмскиот фестивал во Китзбил

„Џган” добитник на Гран при на Филмскиот фестивал во Китзбил

„Џган“ ја освои главната награда на овогодинешниот интернационален Филмски фестивал во Китзбил, Австрија, со што го продолжува патот, да биде еден од најуспешните Македонски филмови од поновата Македонска кинематографска историја.

Жирито во состав Патриша Аулицки (актерка), Мишел Бергман (новинар и критичар), Јулија Диетце (актерка и продуцент), Нилс Дюнкер (продуцент),  Ает Лаигу (сценарист и продуцент), се одлучи да ја даде наградата на „Џган“ заради уникатноста во изразот и начинот на кој една необична приказна е искажана низ специфичен филмски јазик.

Првиот игран филм на режисерот Вардан Тозија – „Џган“ освои Гран при на Филмскиот фестивал во Кицбил, кој се организираше од 21 до 27 август. Ова е уште едно меѓународно признание за филмот кој се осврнува на светот во кој за децата штитеници од дом за деца без родители постои само називот „Џган“. Главните улоги ги толкуваат: Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Македонски продуцент на филмот е Огнен Антов од „Дрим фектори“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП