26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИВиолетова диета

Виолетова диета

Ако немате големи проблеми со линијата, но сепак, мора да се борите со целулитот, со задржување на течностите и со отежната циркулација, тогаш ви ја препорачуваме оваа диета на база на модриот домат, модрите сливи и артичоката.

Виолетовата боjа го чисти и смирува организмот. Помага во засилувањето на коските, ги намалува проблемите со несоницата и успешно го држи гладот под контрола.

ПОЈАДОКОТ е ист за сите денови и се состои од 250 мл. вода со две лажици сок од бозел, чаша чај за прочистување, 2 лажици пченични клици.

УЖИНКАТА е иста за сите денови и се состои од 125 мл вода со лажица сок од бозел.

1 ДЕН

РУЧЕК: чаша вода со лажица сок од бозел, чаша чај од бреза, или брешлен или анис.

ВЕЧЕРА: 250 мл вода со две лажици сок од бозел, чаша лаксативен чај

2 ДЕН

РУЧЕК: Шпагети од соја со тофу сирење, 1оо гр варени сливи со цимет.

ВЕЧЕРА: гргеч со ореви, 200 гр. салата на скара со ароматични треви и маслиново масло, сладолед од капини или шумско овошје.

3 ДЕН

РУЧЕК: пастрмка печена, модар домат на скара

ВЕЧЕРА: чинија бел и зелен целер, зачинет со малку чисто маслиново масло, 70 гр интегрален ориз со домати, ароматски треви и малку чисто маслиново масло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП