28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМајами раскина со Бош и најави пензионирање на неговиот дрес

Мајами раскина со Бош и најави пензионирање на неговиот дрес

НБА франшизата Мајами Хит го раскина договорот со крилниот центар Крис Бош, чиј дрес еден ден ќе биде кренат под сводовите на „Американ ерлајнс арена“.

Еден од најдобрите играчи на својата позиција во последната деценија ќе ја заврши кариерата поради здравствени проблеми.

На лекекарските прегледи во претсезоната на Бош му беше дијагностицирано згрутчување на крвта, поради што не трениераше и не играше натпревари. Последен пат на теренот се појави на 9 февруари.

„Нема никаков сомнеж, тој е еден од најдобрите играчи во клупската историја. Бројот 1 во овој клуб повеќе нема да го носи ниту еден друг играч“, рекол генералниот менаџер на Мајами, Пет Рајли.

Бош и Мајами спогодбено го раскинаа договорот две години пред тој да заврши, а крилниот центар од клубот ќе добие 52 милиони долари.

Крис Бош е 11-кратен „Ол стар“, со Мајами ја освои титулата во 20102 и 2013 година. Тој беше дел од големата тројка на Мајами, заедно со Двејн Вејд и Леброн Џејмс.

Во кариерата има просек од 19,2 поени и 8,5 скокови по натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП