4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо сладолед од ванила против стрес

Со сладолед од ванила против стрес

Сакате да сте среќни? Јадете сладолед! Ова не е шега, туку препорака од британските научници. Тие за време на своето истражување дошле до заклучок дека овој ладен десерт ви дава исто уживање во мозочните центри како и добивањето пари или слушање на омилената музика.

Доволно е само една лажица сладолед да предизвика реакција во зоната за среќа во мозокот. Но, тоа не е се… Сладоледот е добар за многу други работи.

Да почнеме со ред.Сладоледот не дебелее, природен е и богат со минерали и витамини. Нутритивната вредност на сладоледот е голема бидејќи на 100 грама има околу 200 калории. Во производството се користи обрано млеко во прав и бои од природно потекло.Сладоледот е како створен за здравјето, бидејќи го ублажува стресот и така го отстранува ризикот од целата низа заболувања кои се предизвикани од стресот.

Докажано е дека на психата позитивно делува сладоледот од ванила, а тоа го докажало и испитувањето. За време на студијата испитаниците јаделе сладолед од ванила додека научниците им ги скенирале мозоците. Научниците откриле дека овој сладолед го ублажува стресот и предизвикува чувство на задоволство.

Млечните производи богати со калциум го намалуваат јо-јо ефектот, односно враќањето на изгубените килограми после прекинувањето на диетата.Истражувачите откриле дека таквата храна може да го спречи враќањето на тежината и за 50 отсто.

Денеска речиси сите видови сладолед се прават од квалитетна слатка павлака, па преку неа телото добива и калциум, кој особено е важен за коските. Затоа сладоледот е важен и за лицата кои не сакаат да пијат млеко и не јадат ферментирани млечни производи.

Неодамнешните истражувања покажаа дека калциумот не само што ни ги штити коските, туку не чува и од рак на дебелото црево. Лицата кои во текот на денот земаат по 700 и повеќе милиграма калциум имаат значително помал ризик за развој на рак на дебелото црево, за разлика од оние кои земале само по 400 милиграма.

Околу 83 отсто од нутриционистите сметаат дека десертот како што е сладоледот може да биде делотворен при држењето диета. Доколку исхраната е здодевна и еднолична, па дури и да е здрава, луѓето многу полесно ќе се откажат од неа ако менито не е збогатено со разновидни јадења и вкусови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП