21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо галеријата „Робевци“ од вечерва излага Романката Емилија Персу

Во галеријата „Робевци“ од вечерва излага Романката Емилија Персу

НУ Завод и музеј од Охрид, во галеријата „Робевци“, ја продолжува летната серија на изложбени презентации.

Од вечерва самостојно излага ликовниот уметник од Романија Емилија Персу.

Свеченото отворање е закажано за во 20:00 часот.

Изложбата е насловена „Внатрешна градина“, а љубителите на уметноста ќе може да ги погледнат и да уживаат во нејзините дела од најновиот циклус, изработени на платно во комбинирана техника. Свеченото отворање на изложбата е во 20:00 часот.

Авторката Емилија Персу досега има реализирано бројни самостојни изложби, има учествувано на кампови и фестивали.

Од 1998 година е член на романската Унија на ликовни уметници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП