9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјавен наградениот роман „Матис“ на Александар Иличевски

Објавен наградениот роман „Матис“ на Александар Иличевски

Книгоиздателството „Македоника“ од Скопје, неодамна го објави романот „Матис“ награден со „Руски букер“. Досега „Матис“ има повеќе изданија на руски јазик во десетици илјади примероци и е преведен на повеќе јазици.

Напишан е со густа симболика и величествени слики; со поетичен јазик, необични метафори и смели ликови. Иличевски ни разоткрива еден интелектуален но флуиден лик кој плива низ реката на животот, низ панорамата на современата Русија, губејќи се во лавиринтот на сопствените желби и сопственото јас.

Александар Викторович Иличевски (1970) е современ руски писател – прозаист и поет, роден во Сумгаит, Азербејџан. Се занимава со теориска физика на научните институти во Москва, Израел и Калифорнија. Интересот кон егзактните науки што го пројавил уште како дете го одвел најпрвин на Факултетот за физика и математика, а потоа на Факултетот за општа и применета физика на Московскиот институт каде што дипломирал теориска физика. Автор е на неколку книги со поезија, раскази, есеи, како и на неколку романи. Популарноста ја стекнал со романите

„Матис“, за кој ја доби наградата „Руски Букер“ за 2007 година, „Персиец“ – наградата „Баљшаја книга“ за 2010 година, „Математичар“ и „Анархист“, кои, всушност, претставуваат тетралогија насловена како „Војници на апшеронскиот полк“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП