20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИ5-дневна овошна летна диета

5-дневна овошна летна диета

Во летото значително ја намалуваме употребата на тешките намирници. За да ни е некако полесно на желудникот, најдобро е да го нагласуваме овошјето и зеленчукот нормално. Погледнете ја оваа 5-дневна диета со овошје.

Овошните диети се најпосакувани за летото, бидејќи му помагаат на телото да се чисти од токсините, а притоа ќе намалите и некој килограм. Во овошните диети најчесто се исклучуваат само бананите и грозјето, бидејќи се доста калорични.

Може барем еднаш на ден да јадете некој протеин – бела риба или бело пилешко месо. Тоа само во случај доколку не можете да издржите само на овошје. Ние ви ја нудиме полесната варијанта на овошната диета. Постојат 4 оброка на ден, се разбира, се пие многу вода и овошни сокови.

Во прилог на исхраната препорачуваме и кардио вежби 3-4 пати неделно барем по 1 час.

 

Ден 1

Појадок: 1/2 диња, 1/2 чаша јогурт со ниска масленост

Ручек: 500 грама овошна салата со прелив од јогурт и мед

Ужина: 50 гр ореви

Вечера: 3 јаболки, 1 чаша јогурт со мед

Ден 2

Појадок: Овесни снегулки со јогурт и овошје

Ручек: 150 гр филети од бела риба, 1 јаболко за десерт

Ужина: 50 гр суво овошје

Вечера: 5 праски/кајсии, 1 цеден сок од портокал, 50 гр ореви

 

Ден 3

Појадок: 1 јаболко

Ручек: 300 гр свежа салата (овошна или зеленчук) и 1 цеден сок

Ужина: 1 чаша нискомаслена урда со суво овошје

Вечера: 200 гр филети од бела риба, гарнирани со свеж зеленчук и 1 јаболко за десерт

Ден 4

Појадок: 150 гр јагоди

Ручек: 200 гр филети од бела риба, 2 домати

Ужина: 1 чаша јогурт

Вечера: 400 гр свежо овошје по ваш избор

 

Ден 5

Појадок: 1 чаша урда со суво овошје

Ручек: 150 гр бело пилешко месо на скара, 1 јаболко за десерт

Ужина: 1 цеден сок од портокал

Вечера: Салата со свеж зеленчук, 100 гр цреши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП