26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПротивниците на ЕП Македонија ќе ги чека од вториот барабан

Противниците на ЕП Македонија ќе ги чека од вториот барабан

Македонската ракометна репрезентација извлекувањето на групите за Европското првенство во Хрватска ќе го чека од вториот барабан. Покрај Македонија, во овој барабан се Данска, Шведска и Белорусија, што значи дека „црвено-жолтите“ нема да можат да бидат во иста група со овие три репрезентации.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави во која од четирите барабани ќе бидат сместени репрезентациите во пресрет на извлекувањето на групите за ЕП.

Покрај домаќинот, Хрватска, носители ќе бидат Германија, Франција и Шпанија. Во третиот барабан се Србија, Норвешка, Црна Гора и Чешка, а во четвртиот Унгарија, Словенија, Австрија и Исланд.

Во пресрет на жрепката, која ќе се одржи в петок, од 19 часот, во Загреб, познато е дека Хрватска своите натпревари ќе ги игра во А групата, во Сплит, Норвешка, ќе биде во Б групата во Пореч, Аловенија во Групата Ц во Загреб, а Унгарија во Д групата во Вараждин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП