25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПисателите го чествуваат Кочо Рацин

Писателите го чествуваат Кочо Рацин

Друштвото на писателите на Македонија, ќе му оддаде почит на големиот македонски поет Кочо Рацин, основоположник на современата македонска литература, синоним на револуционерното и творечко дејствување во борбата против фашизмот за слобода на својот народ.

Имено, делегација на ДПМ на 9 јуни во 20 часот во Спомен костурницата во Велес, ќе положи свежо цвеќе во чест на Кочо Рацин.

Традиционалната Беседа за Рацин на годинашните Рацинови средби ќе ја има водачот на делегација на македонската писателска асоцијација, Мишел Павловски.

На меѓународниот поетски митинг, што ќе се одржи на големата сцена во театарот „Џинот“ во Велес, на 9 јуни во 21 и 30 часот, во рамките на Рациновите средби, ќе настапат поетите на ДПМ: Игор Крајчев, Олга Панкина, Филип Клетников, Мирјана Тренчева и Александра Велинова.

Претставници на ДПМ, на денот на погибијата на Кочо Рацин, 13 јуни, на местото на трагичниот настан Лопушник, ќе читаат стихови посветени на поетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП