19 мај, 2025
ПочетнаСВЕТГолема промена на границите во Германија стапи на сила, зајакнати се контролите

Голема промена на границите во Германија стапи на сила, зајакнати се контролите

Воведувањето на зголемени гранични контроли во Германија од 7 мај сериозно го нарушува меѓународниот автобуски сообраќај, особено пред летната сезона.

Министерот за внатрешни работи Александар Добриндт најави построги мерки кои се дел од миграциската политика на канцеларот Фридрих Мерц (CDU), а меѓу нив е и можноста за веднаш одбивање на барателите на азил на границата. Овие промени предизвикаа бројни критики, првенствено поради недостатокот на координација со соседните земји.

Податоците од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека само во првите седум дена од спроведувањето на новите мерки, германската федерална полиција им одбила на 739 лица да влезат во земјата. Меѓу нив имало 32 баратели на азил. Еден од инцидентите е забележан на 11 мај во Трир, кога четворица баратели на азил биле вратени во Луксембург откако го провериле автобусот.

Автобусите, заедно со помалите камиони, се особено предмет на проверки. Полицијата вели дека овие транспортни средства често ги користат луѓе кои се обидуваат да влезат во Германија без валидни документи. Иако министерот Добриндт нагласува дека одговорноста не е кај превозниците, туку кај институциите, честите контроли доведуваат до доцнења и непријатности за патниците.

Иако властите ги оправдуваат новите контроли со борбата против нелегалната миграција, критичарите предупредуваат дека ваквите потези сериозно го нарушуваат нормалното функционирање на патничкиот сообраќај. Многу превозници, како и патници од регионот, вклучително и Македонија, веќе ги чувствуваат последиците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП