„Претседателот и неговото семејство ги проценуваат опциите за лекување со лекарите“, се вели во соопштението од канцеларијата на Бајден.
На поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џозеф Бајден, му е дијагностицирана „агресивна“ форма на рак на простата, соопшти вечерва канцеларијата на поранешниот американски претседател, додавајќи дека 82-годишниот демократ има „метастази во коските“.
„Иако претставува поагресивна форма на болеста, ракот се чини дека е хормонски зависен, што овозможува ефикасно справување“ со болеста, соопшти кабинетот на Бајден.
Ракот на простата е најчестиот рак кај мажите и сочинува 15 проценти од сите машки ракови.
„Претседателот и неговото семејство ги проценуваат опциите за лекување со лекарите“, се вели во соопштението.
Бајден ја напушти Белата куќа во јануари откако минатото лето одлучи да не се кандидира на претседателските избори во ноември.