3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера: Шекспировата „Дванаесетта ноќ“ на Деан Дамјановски

Премиера: Шекспировата „Дванаесетта ноќ“ на Деан Дамјановски

„Дванаесетта ноќ“ од Шекспир, во превод на Драги Михајловски, ќе биде поставена во струмичкиот театар „Антон Панов“ во режија на Деан Дамјановски. Премиерата е закажана за вечерва, во 20 часот, а првата изведба ќе биде одиграна утревечер.

Како најава на претставата, во својата режисерска експликација Дамјановски вели дека комедијата „Дванаесетта ноќ“, или како што стои во препевот на Драги Михајловски „Спроти Водици“, е според многумина најдобрата комедија на Шекспир, полна ведрина, оптимизам, радост, љубов кон животот како најголемо од сите уметнички дела.

Улогите ги толкуваат Горан Ников, Оливера Аризанова, Јулија Милкова, Ванчо Василев, Бранко Бенинов, Васил Михаил, Игор Тодоров, Стојан Велков, Коста Ангов, Анкица Бенинова, Ацо Гогов, Ванчо Крстевски и Кире Ѓорѓиев.

Сценографијата е на Кирил Василев, костимографијата е на Елена Дончева, а музиката е на Сашко Костов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП