19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на „Wonder woman“ во скопските кина (видео)

Премиера на „Wonder woman“ во скопските кина (видео)

Новата холивудска атракција, во која македонската компанија ФХ3Х учествуваше во изработка на визуелните ефекти, од денес (четврток, 1 јуни) е на кино-репертоарот.

Филмот во режија на Пети Џенкинс, со Гал Гадот, Крис Пајн, Робин Рајт и Дејвид Телис во главните улоги, е научно-фантастична авантура за „Wonder Women“, принцезата на Амазонките.

Пред да стане „Wonder Women“, принцеза на Амазонките била Дајана, обучена да биде непобедлива воинка. Пораснала на заштитениот рајски остров на кој живеат само жени. Меѓутоа, кога американскиот пилот ќе се сруши на нивниот брег и ќе ја раскаже приказната за големиот конфликт во надворешниот свет, Дијана ќе го напушти својот дом уверена дека може да го спречи конфликтот.

Во борбата против мажите, Дијана ќе ја открие својата најголема моќ и својата судбина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП