8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворен час по филм со Милчо Манчевски

Отворен час по филм со Милчо Манчевски

Факултетот за драмски уметности в четврток (1 јуни), со почеток од 19 часот, организира отворен час и дебата со македонскиот режисер.

Сите заинтересирани студенти, ентузијасти и љубители на филмот се поканети на оваа вечер која има за цел искуствата и знаењата на Манчевски како режисер, но и како професор во режија во САД да ги пренесе на младите кои се занимаваат со филм.

Покрај дискусија, ќе има и проекција на кратки инсерти од филмовите на Манчевски преку кои тој низ примери ќе го изрази својот филмски израз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП