3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСтинг со концерт во Скопје

Стинг со концерт во Скопје

Едно од најголемите светски музички имиња, Стинг, на 15 октомври во Скопје ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“, информира „Авалон продукција“.

– Со големо задоволство ве информираме дека на Македонија ќе и` се случи најголемиот концерт во нејзината досегашна историја! Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум,на 15 октомври, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња, Стинг – се вели во соопштението на „Авалон“.

На оваа турнеја Стинг свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група Полис: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…

Стинг заедно со Ролинг стонс, Брус Спрингстин, Ју ту, Депеш мод, Колдплеј…, е претставник на таканаречената А листа на артисти од областа на рок музиката.

Стинг е веќе на промотивна светска турнеја од февруари годинава, во која ги опфаќа сите континенти.

Инаку, Авалон продукција го потврди концертот на Стинг во Скопје на 5 мај, а според инструкциите на менаџментот на Стинг, како ден за објава на ова шоу е одбран токму денешниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП