19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНиколиќ: Горд сум на историската сезона која ја имавме

Николиќ: Горд сум на историската сезона која ја имавме

Кошаркарскиот клуб Карпош Соколи не успеа да ја освои двојната круна во домашната кошарка, но сезоната 2016/2017 ќе остане запишана во клупската историја. Тимот предводен од Драган Николиќ успешно се престави во регионалната АБА лига, а го освои и првиот трофеј во историјата на клубот, Купот на Македонија.

Карпош Соколи ја загуби мајсторката од МЗТ, во салата „Јане Сандански“ со 86:82, иако на нецели три минути до крајот Мавра и Пери му донесоа предност на својот тим 74:78. Во тие моменти се чинеше дека „соколите“ се поблиску до победата, но до крајот Клоф и Дреновац не дозволија титулата да го смени сопственикот.

„Имавме 74:78. Ќе повторам одам за Белград горд на своите играчи за се она што го направивме оваа сезона во земјата на мојот дедо. Не знам што да кажам, ќе видиме во кој смер ќе оди кошарката во Македонија, на клупско и репрезентативно ниво. Не сум сигурен дека ќе се повторуваат вакви финални натпревари во македонската кошарка, јас тоа од срце го посакувам, но едноставно не верувам во такво нешто. Не знам што друго да кажам, сакам да му честитам на мојот клуб, на сатручниот штаб, на играчите за она што го прикажаа во оваа историска сезона. Ќе се повторам, испишавме историја не само на Карпош Соколи туку и на македонската кошарка, многумина, не дај Боже, ќе жалат за се ова“, рече по натпреварот тренерот на Карпош Соколи, Драган Николиќ.

„Рано е да се говори на таа тема. Она што можам да го кажам е дека одам за да се вратам“, рече тренерот на Карпош Соколи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП