1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНа сцената на МОБ изведба на „Тајно моја“- мјузикл инспириран од хитовите...

На сцената на МОБ изведба на „Тајно моја“- мјузикл инспириран од хитовите на Тоше

Мјузиклот „Тајно моја“ работен според голем број музички хитови на Тоше Проески, ќе биде изведен утревечер на сцената на Македонската опера и балет.

Преформансот е реализиран во копродукција со фондацијата “Тоше Проески“ во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда по повод 10 години од неговата прерана смрт.

Станува збор за љубовна приказна на млад пар, нивната љубов пламнува за миг, но нивните разлики ќе ја доведат нивната љубов во прашање… Македонски “Ромео и Јулија“, сместени во периодот на транзиција, на почетокот на 21-от век. Време кога љубовта ги милува и освојува сите срца преку нотите и стиховите на Тоше Проески. Но, можат ли љубовта и музиката да го спасат светот?

Двата чина на Мјузиклот „Тајно моја“ ќе се обидат да дадат одговор на ова прашање и на уште многу други прашања поврзани со другарството, пакоста, алчноста, осаменоста, желбата да се успее, стравот, надежта и љубовта.

Употребени се хитовите на Тоше Проески, како „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Игри без граници“, „Полско цвеќе“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси куси“, „The Hardest Thing“ и други.

Работен е според либрето на Огнен Неделковски, во режија на Тони Михајловски, сценографијата е на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупчевска, а аранжери се Кокан Димушевски и Сони Петровски, под диригентско водство на Иван Еминовиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП