13 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАлкохолот е висококалоричен и неповолен за линијата

Алкохолот е висококалоричен и неповолен за линијата

Лицата на диета често го потценуваат ефектот што го има алкохолт на линијата и немаат предвид дека една мала чаша пиво има ист број калории колку и три чоколадни бисквити.

Светскиот фонд за истражување на канцер тврди дека заборавањето на калориите од пијалокот е еден од главните причини за неуспех во држењето диета.

Така намалувањето на пиењето на алкохол, во најдобар случај негово целосно исфрлување, би можело на многумина да им помогне да го намалат бројот на килограми, а со тоа и ризикот од разни видови канцер.

Кај лицата кои пијат само една мала чаша пиво дневно ризикот од добивање рак на црниот дроб и дебелото црево е поголем за околу петина.

За да го олеснат сметањето на калории од пијалокот, Фондот направил посебен калулатор кој овозможува да ја споредите енергетската вредност на пијалокот и на храната .

Така на пример, можете да дознаете дека во 175 мл. вино има 248 калории, за чие согорување е потребно 52 минути прошетка.

Долго се верувало дека умерените количини на алкохол може да имаат позитивен ефект на срцето, но сега научниците тврдат дека тоа важи само за мажите постари од 40 години и жените кои ја поминале менопаузата и немаат вишок на килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП