26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалерите на Баерн глава неможат да кренат од премии

Фудбалерите на Баерн глава неможат да кренат од премии

baerns

Добрите резултати на фудбалерите на Баерн си имаат своја цена. Играчите ќе добијат големо количество на пари за пласманот на тимот за финалето на Лигата на шампионите кое на 25-ти мај ќе се одигра во Лондон.

Секој кој бил стартер, како Томас Милер, Филип Лам или Бастијан Швајнштајгер ќе добијат дополнителна премија во износ од околу 200 илјади евра. Но тоа не е единствениот бонус во оваа сезона.

На пример секој играч е добил по 10 илјади евра за победата од 4:0 над Кајзерслаутерн во Купот на Германија и за триумфот од 2:0 над Борусија (Д) во натпреварот од Суперкупот. За добрите резлутати во групата од Лигата на Шампионите против Валенсија, Лил и БАТЕ Борисов имало тимска премија во износ од 40 илјади евра. Баварците поделиле уште 50 илјади евра за успехот од 1:0 над Борусија (Д) во натпреварот од 1/4-финалето од Купот.

Потсетуваме Баерн стана предвремено шампион на Германија, а тимот има да игра уште финале во Лигата на Шампионите и финале од Купот на Германија. Тоа значи дека фудбалерите ќе ги зголемат своите сметки со уште дополнителни средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП