20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВечерва завршува Интернационалниот фестивал на монодрама

Вечерва завршува Интернационалниот фестивал на монодрама

Деветнаесеттиот Интернационален фестивал на монодрама Битола завршува вечерва со Концертот на театарска музика на композиторот Горан Трајковски, насловен „На светов убавина“.

На фестивалот, кој е од натпреварувачки карактер, учествуваа монодрами од повеќе земји, меѓу кои: Германија, Естонија, Хрватска, Полска, Холандија, Русија, Словенија, Израел и Македонија.

Наградата Гран-при вечерва ќе ја додели интернационалното жири во чиј состав се: актерот и професор Атила Клинче, театрологот Нина Мазур од Германија, актерката Паулет Смит од Холандија, Игор Џамбазов и претседателот на жирито, драматургот, професор и колумнист Емре Ердем од Турција.

Селектор на фестивалот е актерот Петар Мирчевски. Организатор на фестивалот е Центар за култура Битола. И оваа година, Министерството за култура го поддржа Фестивалот на монодрама Битола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП