27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМОБ: Гостување на „Он д роуд“ од Игор Киров

МОБ: Гостување на „Он д роуд“ од Игор Киров

На сцената на Македонската опера и балет, утревечер, во 20 часот ќе гостува Хрватскиот национален театар од Сплит, „Он д роуд“(CNT Split Ballet)“ со балетската претстава на Игор Киров.

Музиката е од Јохан Себастијан Бах, кореограф Игор Киров, костимографијата на Александар Ношпал, а светло дизајнот на Бранимир Бокан.

Улогите се на Екатерина Кузњецова, Матеа Милас, Габриела Меде. Ева Карпиловска, Иван Бојко, Урош Шкапер и други.

„Вечно преиспитување на себеси, во потрага по вистинскиот пат, целиот внатрешен кошмар преточен во танцов јазик кој ја визуелизира музиката. Игор Киров заедно со Балетот на Сплит остварува фуриозна претстава, претстава што се гледа во еден здив, претставувајќи го во најдобро светло балетскиот ансамбл. Атрактивноста и раскошот на движењата на класичните балетски танчери, Киров ги збогатува со мекоста и суптилноста на современиот танцов израз на вешт, интересен и наместа духовит начин”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП