
Израелските диетолози сметаат дека не смее да се брза со губењето на килограмите. Според нив оптимална брзина за губењето на телесната тежина е 2-3 килограми месечно, при што се врши строго контролирање на внесените продукти.


Израелските диетолози сметаат дека не смее да се брза со губењето на килограмите. Според нив оптимална брзина за губењето на телесната тежина е 2-3 килограми месечно, при што се врши строго контролирање на внесените продукти.
Па, така месото, јајцата и сирењето можат да се јадат само со зелен зеленчук, а не со млеко, скроб, кисело овошје, путер и масло. Рибата се согласува само со зелен зеленчук, млекото се консумира поединечно и не влегува во ниедна комбинација, а мастите се употребуваат со чорбите и зелениот зеленчук. Зеленчукот се јаде со белковините и скробот, киселото овошје не влегува во ниедна комбинација. Па, израелските диетолози ни го предлагаат следново мени.
НА ГЛАДНО СРЦЕ: Се консумира една лажица маслиново масло, а по 15 минути се зема чаша јогурт или кефир.
ПРВ ПОЈАДОК: Салата од зеленчук, каша од пченица, пченка, хељда или овес, свежо сирење, варено јајце (секој втор ден), незаблажен зелен или друг билен чај.
ВТОР ПОЈАДОК: (12:00 – 12:30 часот): 200-300 грама кисело овошје.
РУЧЕК: (14:30 – 15:00 часот): овошна салата, супа или чорба од зеленчук, месо на пареа, барена или запечена риба, парче црн леб, 1 печено јаболко.
ВЕЧЕРА: Чаша кефир или јогурт, овошен напиток направен со изблендирани суви смокви, урми, суви сливи и ореви со вода или чај.