2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРускиот пијанист Петр Лаул со концерт во Скопје

Рускиот пијанист Петр Лаул со концерт во Скопје

Рускиот виртуоз ќе одржи концерт утре (3 мај), во Домот на АРМ, во 20:00 часот.

Критиката и љубителите на музичката уметност едногласно го прогласуваат Петр Лаул за еден од најталентираните и најуникатни пијанисти на денешницата. Овој пијанист има концертна дејност која се протега низ речиси сите земји во Европа, но и надвор од границите на овој континент.

Своето образование го стекнува во родниот град, поточно на Конзерваториумот во Санкт Петерсбург, во класата на проф. Александер Сандлер. Неговата активна изведувачка дејност – како солист и како камерен музичар, го носи во некои од најпрестижните музички сали во светот. Чест гостин е и на некои од најголемите фестивали во Русија и Европа и добитник е на повеќе награди.
Има издадено повеќе компакт-дискови за Хармонија мунди, Ион, Оникс, Наксос, Маркуис класик, Кверстанд, Интеграл класик, Кинг рекордс, Нортен флауерс, (Harmonia Mundi, Aeon, Onyx, Naxos, MarquisClassics, Querstand, Integral Classics, King Records, Northern Flowers), а има остварено и бројни ТВ и радио снимки во Русија и други земји.

„Со огромно задоволство ја прифатив поканата повторно да настапам во Македонија, овој пат во главниот град. Знам за проектот Скопје класик од колеги кои веќе беа дел од него и имаа само пофални зборови за организацијата, прекрасната публика и целокупното нивно искуство во Скопје. Драго ми е што настапувам на малиот но значаен јубилеј – 5 години Скопје класик и се надевам дека ќе прерасне во реномирана манифестација со учество на врвни светски уметници. Со нетрпение очекувам да настапувам пред топлата македонска публика в среда, како и да остварам средба и мастер клас со младите пијанисти во Македонија, студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје“, изјави Петр Лаул.

Неговите концерти секогаш се инвентивни и честопати вклучуваат ретко изведувани дела, а така ќе биде и на концертот во понеделник на чијашто програма се дела од В. А. Моцарт, К. Дебиси и М. П. Мусоргски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП