11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа - најголемиот „аутлет за луксузни стоки“ за Кинезите

Европа – најголемиот „аутлет за луксузни стоки“ за Кинезите

Долку запрашате некој бутик за луксузна стока во Франција или Италија кои се неговите топ клиенти, одговорот веројатно нема да е француските или италијанските купувачи. Главните купувања се дело на кинеските туристи кои трошат значителни суми во странство, пишува „Quartz“.

Кинеските потрошувачи се меѓу најважните, ако не се и повеќето клучни клиенти на голем дел од големите меѓународни луксузни брендови. Во глобален план тие трошат околу 30% од сите средства платени за лични луксузни стоки, но со години ги реализираат повеќето купувања надвор од Кина.

Една од главните причини да се здобијат со чанти „Louis Vuitton“ и со чевли „Prada“, додека се на одмор, е фактот дека овие стоки се нудат со многу повисоки цени во нивната родна земја. Шопингот во Европа е многу поевтин, а еве зошто многу Кинези го гледаат континентот како „најголемиот аутлет“, посочуваат од „Bain & Company“.

Во неодамнешната белешка до инвеститорите „Exane BNP Paribas“ ги пресмета разликите во цените во одделните региони и открива дека луксузните стоки во Кина чинат за 21% повеќе во однос на просечната цена во светот. Во Франција и Италија на пример тие се со 22% поевтини.

„Exane“ споредуваше 4.846 производи, кои се достапни на сите пазари. Компанијата открива дека производите на „Balenciaga“ се со околу 25% поскапи во Кина во однос на цените во Франција. Овие на „Louis Vuitton“ пак чинат околу 50% повеќе, додека оние на „Armani“ се со 70% нагоре.

Разликата во цената е резултат главно од кинеските даноци и такси, како и од трошоците за дистрибуција на поединечните брендови во Кина, според „Fortune Character Institute“.

Европските продавници станаа силно зависни од кинеските клиенти. Аналитичарите од „Exane“ посочуваат дека странските купувања, не само оние на Кинезите, претставуваат околу 70% од продажбата на луксузни стоки во Италија и Франција, како и над 50% во Велика Британија и Швајцарија.

Освен тоа на места како Европа и САД има доста луѓе кои купуваат од името на свои клиенти кои се наоѓаат во континентална Кина.

Дебалансите меѓу кинеските купувачи кои купуваат во странство, и оние дома, конечно се менува, иако слабо. Во минатата година, за прв пат од 2001-ва година, стапката на раст на трошоците за луксузни стоки бил поголем во Кина, отколку во странство. Кинеската влада работи на прашањето со купување од името на Кинезите, па да се поттикнат купувања внатре во азиската земја. Истовремено терористичките напади успеаја да влијаат негативно на туризмот во Европа.

Според „Exane“ ценовната разлика најверојатно ќе се намали, иако не толку брзо. Ова ќе се случи благодарение на побарувачката од страна на средната класа, како и заради транспарентност на цените понудени на интернет, дополнуваат аналитичарите.

Генерално зголемената средна класа во Кина може да почне да се радува на подобри цени на домашниот пазар, но за најдобрите зделки, сепак, ќе имаат потреба од авионски билет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП