2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНови македонски стрип изданија

Нови македонски стрип изданија

Во издание на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес се отпечатени книги во тврд повез наменети за македонскиот пазар, но и пазарот на соседни држави.

Издадени се „Итар Пејо 2 книга“ од Диме Иванов Димано, „Цар Гаврило Радомир“ од Миле Топуз, детскиот стрип „Убавите нешта“ од Раде Дичоски, како и „Зад црното сонце“ на српскиот автор Срѓан Николиќ-Пека. Во стрипот за царот Гаврило Радомир сместени се и стриповите за Ѓорги Војтех, Добромир Хрс и Стрез, господарот на Просек.

„Издадовме историска приказна, детска приказна, трилер и стрип со тема од македонската традиција. Минатата година, за прв пат во Македонија, издадовме стрип-книга на албански јазик, Годинава продолжуваме со издавање на стрип книга на српски јазик на Срѓан Николиќ-Пека, голем пријател на македонската стрип сцена и победник на последниот интернационален стрип натпревар во склоп на интернационалниот стрип салон во Велес“ изјави Ване Трајков, извршен директор на Стрип центарот на Македонија.

Дизајнот е на штипјанецот Александар Стеванов, кој ги изработи на високо професионално и естетско ниво. Овие четири стрип-книги можат да се набават кај издавачот и во стрип-книжарницата „Бункер“ во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП