18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАCо изложбата „Религија и современа уметност“ се одбележува Светскиот ден на уметноста

Cо изложбата „Религија и современа уметност“ се одбележува Светскиот ден на уметноста

Во организација на Асоцијацијата за култура ИКОН, денеска во 13 часот во галеријата на Мала станица ќе биде отворена изложбата „Религија и современа уметност.

Изложбата е организирана по повод светскиот ден на уметноста ( роденденот на Леонардо да Винчи) 15 април, што годинава се совпаѓа со големиот христијански празник Велигден. „Изложбата „Религијата и македонското современо сликарство“ низ призмата на една приватна колекција, претставува најсоодветно празнување на овие два празника, затоа што преку неа зрачат творечкиот дух, добрата волја и уметничката енергија на сликарското братство кое ги почитува христијанските вредности“, образложуваат организаторите.

Преку делата на македонските современи уметници, треба да се одгатнат одразите на сакралното во современото сликарство, како појава што има длабоки корени во традицијата, но идејата е токму од традицијата да се извлече златната линија, за да се откријат суштинските референци за судбината на современиот човек.

На изложбата со свои дела се застапени: Глигор Чемерски, Нове Франговски, Владимир Георгиевски, Васко Ташковски, Илија Аџиевски, Симон Шемов, Вана Урошевиќ, Павле Кузманоски, Стефан Хаџи Николов, Доне Милјановски, Димитар Кочевски – Мичо, Петар Попчев, Данчо Ордев, Гоце Божурски, Мирослава Микица Трујкановиќ, Ставре Димитров-Стадим, Томе Мишев, Страхил Петровски, Јован Шумковски, Жанета Вангели, Александар Ацо Станковски, Атанас Ботев, Новица Трајковски и Вук Митевски, една плејада на македонски уметници од различни генерации.

Дел од овој проект беше претставен во 2005 година во Њуjорк. Идејата за дополнување и возобновубање на проектот „Религија и современо сликарство“ кој треба во наредните години кон себе да приклучи уметници од други религии (исламот, јудеизмот, будизмот, конфучионизмот…) е да истиот прерасне во дијалог помеѓу религиите на еден специфичен и убав начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП