5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТеатрологот Ристе Стефановски – HONORIS DOCTOR KAUSA

Театрологот Ристе Стефановски – HONORIS DOCTOR KAUSA

Ристе Стефановски, театролог, актер, хроничар на македонското театарско совремие, основач и долгогодишен директор на Драмскиот театар, директор на Македонскиот народен театар, автор на повеќе од 30 книги од историјата на театарот во Македонија е прогласен за HONORIS DOCTOR KAUSA на Универзитетот за Аудио визуелни уметности ЕФТТА Скопје-Париз-Есен-Ротердам.

Прогласувањето е извршено во Куманово, за време на симпозиумот „Германската драма и театар во Република Македонија“, во присуство на амасадорката на Германија во Република Македонија д-р Кристине Д. Алтхаузер, градоначалниот на Куманово Зоран Дамјановски, Емилија Бојковска- Томовска, шеф на Катедрата за германски јазик и литература на Филолошкиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и бројни театарски дејци од Македонија и Германија.

Признанието, со пригодна беседа, му го врачи ректорот на Универзитетот Јордан Плевнеш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП