4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗавршна вечер на „Лица без маски“

Завршна вечер на „Лица без маски“

Последниот фестивалски ден од десеттото издание на Интернационалниот театарски фестивал ќе се одржи на сцената во Театар Комедија, со претставата „Фармата“ со почеток од 20 часот.

„Фармата“ на режисерот Паоло Алесандри, а во изведба на театарот „Софија Амендолеа“ од Рим, Италија, е претстава што е резултат од сценски дела базирани на соработка и вербална импровизација. Низ храбра употреба на човечкото тело, звуци, гласови и измислени работи, „Фармата“ и ја претставува на публиката замислената „Страшна фарма“, место каде што улогите на антагонистите – луѓе и животни, првично се измешани, а потоа се претопуваат една во друга и создаваат едно ново застрашувачко суштество – Ѕверот.

По претставата на сцената на Театар Комедија, жири комисијата составена од Деан Дамјановски, режисер, Трајче Ѓеорѓиев, актер и Тони Димков, новинар и критичар, ќе ги доделат трите награди за најдобра претстава во целина, за најдобра режија и за најдобро актерско остварување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП