6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Турандот“ се враќа на сцената на МОБ

„Турандот“ се враќа на сцената на МОБ

Спектакуларната продукција на епската кинеска бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, што беше дел од минатогодишните „Мајски оперски вечери“ повторно се враќа на сцената.

Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини ќе биде изведена на 12 април (среда) 2017 година. Диригент е Иван Еминовиќ, режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, додека под кореографијата се потпишува Саша Евтимова.

Настапуваат: Турандот (Павлина Новакова), Калаф (Ворен Мок, Кина), Лиу (Бинг Бинг Ванг, Кина), Тимур (Владимир Саздовски), Пинг (Кристијан Антовски), Понг (Дарко Нешовски), Панг (Дејан Стоев), Мандарин (Диме Петров), Алтоум (Марјан Николовски), Принцот од Персија (Дарко Нешовски) и Џелат (Тихомир Јакимовски).

„Турандот“ е опера во три чина, напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер, на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која што подоцна е завршена од Франко Алфано.

Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој доминира иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии.

„Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најубавите во оперската литература, „Никој не спие“ (Nessun dorma).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП