23 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Марија Калас – час“ премиерно во МОБ

„Марија Калас – час“ премиерно во МОБ

Приказната за оперската дива Марија Калас, преточена во музичка драмска претстава, премиерно ќе биде изведена вечерва на Малата сцена во Македонската опера и балет.

Драмата насловена како „Марија Калас – час“ е напишана од американскиот писател Теренс Мекнели во 1995 година. Режијата и преводот се на Урсула Хорнер а изборот на костими на Марија Пупучевска.

Дејствието зборува за оперската дива Марија Калас, која држи час по пеење на реномираниот универзитет „Џулијард Скул“ во Њујорк. На часот таа се сеќава на сопствениот живот и се однесува сосема непредвидливо. Се будат нејзините инспирации, стравот да не биде „грдото пајче“, омразата кон нејзините конкурентки, притисокот од првите претстави, триумфот во „Ла Скала“, како и нејзината афера со Аристотел Оназис, а кулминира со монологот за нејзиното саможртвување во име на уметноста.

„ Драмата обработува фиктивен мастерклас на познатата оперска пејачка Марија Калас, пред крајот на нејзиниот живот. Во претставата е користена музика на Џузепе Верди, Џакомо Пучини и Винченцо Белини. Првпат е изведена на Бродвеј во 1995 со ѕвездите Зое Колдвел и Одра Мекдоналд. Во 1996 година претставата била наградена со „Драма Деск Авард“ за најдобра нова драма и „Тони Авард“ за најдобра изведба“, соопшти МОБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП