4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Пула е промовиран филмот „Македонскиот идентитет низ историјата“

Во Пула е промовиран филмот „Македонскиот идентитет низ историјата“

Во градската библиотека на Пула во Хрватска, пред граѓаните меѓу кои имаше и Македонци, беше промовиран Документарниот филм „Македонскиот идентитет низ историјата“ изработен од студенти на Факултетот за образовни науки – насока историја при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Промотор беше Ѓорѓи Ефремов студент на истиот факултет, а воедно и дел од Еразмус програмата за мобилност. Поводот за ваквата манифестација, е програмата на Ефремов и неговиот 3 месечен престој во Пула, како практикант во друштво на Македонците “Македонски културен форум“ чии претседател е Алдо Климан познат писател и новинар. Дополнителна причина е и 10 годишнината од постоењето на УГД-Штип, информираа од Универзиетот.

За време на престојот во Пула ќе се одржат уште 3 предавања за македонската историја и одредени проблематики, а завршна работа ќе биде историјатот на тамошната македонска заедница, поткрепен со аудиовизуелен материјал кој ќе биде објавен во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП