29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМаверик Вињалес победник на првата трка во новата сезона во Мото ГП...

Маверик Вињалес победник на првата трка во новата сезона во Мото ГП шампионатот

Маверик Вињалес победи на првата трка во новата сезона во Мото ГП шампионатот, големата награда на Катар. Возачот на Јамаха победи пред Андреа Довициозо од Дукати и тимскиот колега Валентино Роси.

Вињалес, во својата прва трка за Јамаха успеа да победи, иако по стартот на трката од првата се најде на петтата позиција. Откако на седум круга до крајот тој успеа да престигне Довоциозо кој беше лидер, до крајот на трката овие двајца водеа жестока борба за првото место.

Младиот Шпанец во Катар ја забележа втората победа во кариерата.

Зад најдобрите тројца трката ја завршија возачите на Репсол Хонда, актуелниот шампион Марк Маркзе и Дани Педроса.

Голем успех на патеката „Лосаил“ забележа и Валентино Роси кој стартуваше од десеттатат позиција, а одличен резултат запиша и Алеш Еспаргаро кој со својота Априлија заврши на шесттото место.

Инаку трка започна со задоцнување од 45 минути поради прблемите кои ги направи дождот, а кога започна сензационален лидер во првите шест круга беше дебитантот во оваа класа Жоан Зарк. Во 14-от круг тој ја загуби контролата врз својот мотоцикл и не ја заврши трката.

Втората трка во сезоната ќе се вози на 9.април во Аргентина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП