
Правилната исхрана е клучна за доброто здравје на организмот, а доколку сакате совршена кожа, постојат намирници кои редовно би требало да се најдат на вашата трпеза.
Пиперки

Пиперките се никокалорични, а можете да ги јадете сирови или зготвени. Сочни се и вкусни, а се многу корисни за здравјето на кожата.
Чоколада

Црното чоколадо со голем процент на какао ја подобрува циркулацијата на крвта во телото, богато е со оксиданти и помага во детоксикацијата на телото, со што и кожата ја прави здрава.
Семки

Семките можете да ги консумирате наместо други грицки, но исклучиво умерено. Етеричните масла во семките од сончоглед, семките од тиквата и останатите семки го контролираат природното ниво на влажност на телото и снабдувањето на организмот со неопходната доза витамини Е, како и потеини.
Зелен чај

За детоксикација на организмот може да се користи и зелениот чај кој го чисти телото одвнатре, а ефектите набрзо се забележуваат и однадвор.



