25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБитката за Роналдо

Битката за Роналдо

Cristiano Ronaldo

Доколку Роналдо одлучи да не го продолжи договорот со Реал, „кралевите“ ќе бидат принудени да го продадат.

Реал Мадрид со сигурност ќе му понуди договор на Кристијано Роналдо се сo цел клубот да го врзе до 2018-та година, но во овој момент е неизвесно дали тој ќе ја прифати понудата, особено што се шпекулира дека Мурињо ќе си замине.

Португалецот и натаму ги разгледува сите опции, но доколку не биде потпишан нов договор, единствено решение за Реал е да го продаде поради тоа што неговата вредност на пазарот ќе паѓа.

Најверојатно ПСЖ веќе преговарале со Реал и се подготвени да им понудат сума од околу 90 милиони евра, приближно колку што „кралевите“ му платија на Јунајтед пред три години.

Меѓутоа и самиот играч сака повторно да се врати кај „црвените ѓаволи“. Како што пишуваат англиските медиуми во случај тој да си замине од Реал единствено би се видел себеси во дресот на поранешниот клуб, но за да се оствари овој трансфер би морал да интервенира и Најк.

Производителот на спортска опрема секако би профитирал на сметка на Адидас, кој е спонзор на Реал во случајот доколку Роналдо да го напушти „Бернабеу“. Тие и би финансирале дел од трансферот кој би бил околу 80 милиони евра, но Јунајтед има идеа во работата да го вклучи и Нани.

Прашање е дали Реал ќе прифати, но сепак последниот збор го има Роналдо. Затоа што тој иако има договоро, самиот одлучува. Инаку не се во прашање парите, Реал и ПСЖ можат на Роналдо да му понудат многу повеќе од Јунајтед кој е подготвен Португалецот да го изедначи со Руни или плата од 12 милиони фунти годишно, што е за околу еден милион помалку од тоа што би можел да смета во Реал или ПСЖ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП