3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНова книга од Јован Стрезовски

Нова книга од Јован Стрезовски

strezovski3003

Во едицијата „Современа македонска проза“ на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје излезе од печат книгата „Врати кон неотркриеното“ од писателот Јован Стрезовски.

На страниците од своето најново дело, познатиот писател застапува двеста лирски записи, поделени во три тематски целини.

Јован Стрезовски (1931,Подгорци,Струшко) е автор на десет поетски книги, на шест книги со раскази и на осум романи. За најмладите објавил повеќе прозни и поетски дела.

Според негово сценарио е снимен антологискиот игран филм „Време води“, во режија на Бранко Гапо.

За своето богато творешто е добитник на наградите: „11 Октомври“, „Стале Попов“, „Книжевен жезол“, „Ацо Шопов“ и „Державин“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП