26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЈордан Плевнеш избран за редовен член на Европската академија на науките, уметностите...

Јордан Плевнеш избран за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите

Jordan-Plevnes-int124-1

Познатиот македонски писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш едногласно е избран за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, на предлог на претседателот Жан-Патрик Конрад, професор на Ројал колеџ од Лондон.

Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз, е формирана во седумдесеттите години на ХХ век, во знакот на визијата на Леонардо Да Винчи, дека „синтезата меѓу научното и уметничкото творештво е основа на европската цивилизација“.

Во составот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите се плејада на научни и уметнички творци од сите земји на Стариот континент, од кои дваесеттина нобеловци од природните науки. Најпознати творци на модерните времиња, од Фредерико Фелини, до Клод Леви-Строс, се вбојуваа меѓу членовите на оваа престижна институција, а во нејзиниот актуелен состав е и МариоВаргас Љоса, носител на Нобеловата награда за литература.

Во чест на номинацијата на Јордан Плевнеш, во Скопје ќе допатува претседателот Жан-Патрик Конрад, и ќе учествува на дводневниот интернационален симпозиум што ќе се одржи на 20 и 21 февруари, на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје, каде што ќе настапи со темата „Хамлет и Европа – Да се биде или не“.

На истиот симпозиум Плевнеш ќе зборува на темата „Хамлет и Македонија – Да се биде или не“.

Пристапното предавање на Плевнеш за Европската академија на науките, уметностите и книжевностите ќе се одржи на Универзитетот Пантеон-Асас на Сорбона на крајот на април 2017 година, на тема „Драматургијата на глобалниот политички терор – земи или остави“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП