21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАШазел за „Ла Ла Ленд“ ја освои наградата на американското Здружение на...

Шазел за „Ла Ла Ленд“ ја освои наградата на американското Здружение на режисерите

сазел

Американскиот режисер Демиен Шазел кој го режираше мјузиклот „Ла Ла Ленд“(La La Land) ја освои главната награда на Здружението на американските режисери (Directors Guild Awards, DGA) во најпрестижната номинација за остварувања во филмската уметност, , беше објавено во Лос Анџелес каде што се одржа 69-та по ред церемонија на врачување на наградите на еснафот.

Според традицијата, наградата на Демиен Шазел му ја врачи минатогодишниот победник, мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту кој престижното признание го доби за филмот „Повратник“ (The Revenant).

„„Се согласувам со фактот дека во сите видови уметност има делумно политичка димензија, Уметноста, штом ќе се појави на светлината станува дел од нашиот свет“, изјави Шазел додавајќи дека мечтае да стане „дел од меѓународниот дијалог за прашањата на уметноста и филмот“.

Шазел ја освои наградата во конкуренција на американскиот режисер Бари Џенкис за неговата драма „Месечева светлина“ (Moonlight), Канаѓанецот Дени Вилнев за „Пристигнување“ (Arrival), Американецот Кенет Лонерган за „Манчестер на море“ (Manchester by the Sea) и Австралиецот Герт Дејвис за „Лав“ (Lion), кој воедно го доби признанието за најдобар дебитант,.

Мјузиклот „La La Land”, во кој играат во насловните улоги Рајан Гослинг и Ема Стоун, ја раскажува приказната за љубовта на двајца млади кои се стремат да станат познати џез музичар и актерка, чии односи се пред испитот на сценскиот успех.

Минатиот месец филмот ја освои американската награда Златен глобус во сите седум категории во кои беше номиниран. Во минатото, приближно ваков успех остварија само филмовите „Лет над кукавичјото гнездо” (One Flew Over the Cuckoo’s Nest, од 1975 година) и „Полноќен експрес“ (Midnight Express, од 1978-та), кои победија во шест категории.

Герт Дејвис, за филмот „Лав“ ја доби наградата за најдобро режисерско деби. „Првпат стојам на оваа сцена. Имав среќа да екранизирам извонредна и убава приказна. Но тоа истовремено наметнува и одредени обврски“, додаде Дејвис.

Филмот „Лав“, во кој играат Сани Павар и Никол Кидман во главните ролји, раскажува приказната за момче од сиромашните квартови кое по 25 години се враќа дома и се среќава со својата мајка.

Во оваа категорија беа номинирани и Тим Милер за филмот „Deadpool“, Кели Фремон за „The Edge of Seventeen“, Ден Трахтенберг за „10 Cloverfield Lane“, и Неј Паркер со римејкот на „Раѓањето на нацијата“ (The Birth of a Nation).

Наградата претставува статуетка во форма на режисерско столче и се доделува во категориите кои опфаќаат играни филмови, документарни и телевизиски филмови, како и реклами. Кај телевизиските реклами победи Американецот Дерек Сиенфренс. Меѓу режисерите на комедии лауреат е Беки Мартин којашто сними една епизода од серијалот „Потпретседател“ (Veep).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП