19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложбата на фотографии „Липицанци“ во НЛБ Галеријата

Изложбата на фотографии „Липицанци“ во НЛБ Галеријата

konji 3300

Изложбата на фотографии насловена како „Липицанци“ од фотографката Аленка Славинец, ќе биде отворена во петок напладне во НЛБ Галеријата.

Изложбата организирана од страна на Словенечката Амбасада во Македонија, по повод 25 годишнината од меѓународното признавање на Словенија, ја отвори Амбасадорот на Словенија во Македонија, Неговата екселенција проф. Милан Јазбец.

Изложбата е составена од 20 фотографии, од расата на коњи Липицанци, во кои авторката умешно го доловува духот и суштината на оваа прекрасна раса, која воедно го претставува Словенечкиот дух.

Словенија се осамостојува, на 25-ти Јуни, 1991 година, но е меѓународно признаена речиси шест месеци подоцна на 15-ти Јануари, 1992 година. Така, не случајно, истата изложба ја одбележи и 20 годишнината од Словенечката независност во Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП