10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПолска за ниска цена купи вредна колекција уметнички дела

Полска за ниска цена купи вредна колекција уметнички дела

cartoriski

Полската влада купи светски позната уметничка колекција, вклучувајќи ретки слики на Леонардо да Винчи, за дел од нејзината пазарна вредност.

Колекцијата на Царториски беше продадена за 100 милиони евра, иако нејзината вредност се проценува на околу 2 милијарди евра, пренесува BBC.

Колекцијата вклучува дела на Рембрант, Реноар, како и позната слика на Леонардо да Винчи “Lady with an Ermine”, koja вреди повеќе од цената што е платена за целата колекција.

Челникот на семејството Цартористи, во чија сопственост е колекцијата, рече дека тоа е “донација”, но одборот на истоимената фондација поднесе колективна оставка во знак на протест.

Управниот одбор на Фондацијата Царториски соопшти дека не биле консултирани за продажбата, што била договорена помеѓу Министерството за култура на Полска и Адам Карол Царториски, потомок на принцезата Изабела Царториска, основач на колекцијата во 1802 година.

Царториски, претседател на фондацијата, рече дека оди по стапките на неговите предци кои “секогаш работеле за полскиот народ”.

„Се чувствував дека давам донација и тоа е мојот избор”, рече тој.

Колекцијата содржи околу 86.000 артефакти, како и 250.000 ракописи и книги. Поголемиот дел од делата се чуваат во Националниот музеј во јужниот град Краков.

Сите тие сега се во сопственост на полската држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП