26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските централни банки во режим на чекање

Европските централни банки во режим на чекање

parecigare3

По година исполнета со нови обиди да ги поддржат нивните економии, централните банки на Европа ќе повлечат чекор назад за да ги набљудуваат „политичките огномети“ во 2017-та година, коментира „Bloomberg“.

Иако нивните колеги во САД го забрзаа циклусот на зголемување на каматните стапки, Европската централна банка (ЕЦБ), Англиската централна банка (БОА) и Швајцарската централна банка (ШЦБ) сигнализираа во последната недела дека преферираат да ги почекаат превирањата во регионот – од „Brexit“ до подемот на популизмот, да се кристализира пред да управуваат решително со монетарната политика во одредена насока.

„Тие само ќе набљудуваат. Во голема мера станува збор само за идентификување на факторите на ризик и одржување на стабилност “, вели Ендрју Гудвин, економист во „Oxford Economics“, додавајќи дека ЕЦБ долго време ќе се воздржи од активности, а „летвата“ за преземање на дејствија од страна на BOA во која и да е насока, е доста висока.

Осум години откако финансиската криза зачекори пред централните банкари, сега тие се во режим на чекање, додека политичарите го „исчистат“ изгледот на новиот светски поредок. Гувернерот на Англиската централна банка(BOA) Марк Карни потврди „неутрална“ позиција на институцијата, бидејќи моделот и последиците на британското излегување од Европската унија допрва ќе се разјаснуваат. Во ЕЦБ Марио Драги го одложи финално решение за крајот на квантитативно олеснување за по серијата ризични избори во голем број земји од еврозоната во текот на следната година.

Позицијата контрастна со онаа на Федералните резерви на САД, која ги зголеми каматните стапки оваа недела и сигнализира за уште три зголемувања во следната година. Претседателот Џенет Илејн рече дека економијата е доволно силна за да одолее на повисоките трошоци за кредити, и покрај политичката ситуација по победата на Доналд Трамп во минатиот месец.

„Фундаментална разлика кај ФЕД е дека тие се многу понапредни во економскиот циклус. Невработеноста е многу пониска, слободниот капацитет е многу помал, а инфлациските притисоци се повисоки“, вели Грант Луис, економист во „Daiwa Capital Markets“ во Лондон, кој пред тоа работел за британското Министерство за финансии.

Швајцарските централни банкари го користеа затишјето по одлуката на ФЕД за да ги посочат ризиците кои може да наметнат притисок врз нивната заштита на франкот, додека во исто време ја задржаа политиката без промена во четвртокот. Швајцарската централна банка, предводена од Томас Џордан, предупреди за „многу политички неизвесности“, кои се закануваат да се размножат низ економијата.

Англиската централна банка која ги намали каматните стапки на рекордно ниско ниво во август, потврди дека следниот потег може да е во секоја насока, по средбата во четвртокот, која можеби беше една од последните можности да ја прилагоди својата политика, пред да започнат преговорите околу „Brexit“ во март.

Трите институции се соочуваат со различни проблеми. Во еврозоната тоа е премногу бавната инфлација, додека во Велика Британија проблемот е ризикот од слаб раст и преголемо зголемување на цените. Во Швајцарија, проблемот е дека валутата – прифаќа азил, поскапува премногу кога настаните на други места ги прави нервозни инвеститорите. Моторот зад нивните активности, сепак можеби ќе биде еден ист сет на политички реалности.

Германија, Франција и Холандија ќе поминат низ национални избори во следната година, а популистичките кандидати се повеќе ги стигнува утврдените партии. Неуспехот на предлогот за реформи во Италија овој месец значи дека таму исто така може да има парламентарни избори, преку кои Движењето „Пет ѕвезди“ да дојде до власта. Во Франција популарноста на Марин Ле Пен дури покренува прашања за посветеноста на една од земјите основачи на еврозоната. Во комбинација со Трамп за претседател на САД и шансите за протекционистички шок за глобалната трговија, централните банкари во моментов се во режим на чекање.

„Постојат големи ризици во Европа и големи ризици во САД. Лекцијата кој секоја централна банка ја научи оваа година, е да не станува премногу безгрижна и да се очекува неочекуваното“, рече Џејмс Роситер, економист во „TD Securities“ во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП