18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА70 деца со флеш-моб ја одбележаа 70-годишнината на УНИЦЕФ за секое дете

70 деца со флеш-моб ја одбележаа 70-годишнината на УНИЦЕФ за секое дете

aaa

Денеска, купувачите во „Скопје сити мол“ беа изненадени кога 70 деца изведоа пред нив флеш-моб со песни за надеж, за да ја одбележат 70-годишнината на УНИЦЕФ. Пеејќи ја „Имеџин“ на Џон Ленон и „За овој свет“ на Тоше Проески – песна напишана за УНИЦЕФ во 2004 година – децата оддадоа почит на постојаната надеж што УНИЦЕФ им ја носи на децата низ целиот свет.

„УНИЦЕФ е основан по Втората светска војна за да донесе помош и надеж за сите деца што имаа потреба од помош – без оглед на тоа во која земја живееја или каква улога таа земја одигра во војната“, изјави заменик-претставникот на УНИЦЕФ, г-ѓа Елспет Ериксон. „Децата од оваа земја беа меѓу првите што добија хуманитарна помош во 1947 година, кога УНИЦЕФ ја достави најголемата пратка на млеко во повоена Европа“.

aar

Со ненадејниот перформанс во „Скопје сити мол“ официјално беше отворена изложбата која ја раскажува приказната за поддршката на УНИЦЕФ за децата, заедно со „Малите приказни“ на тема „Што сакам за секое дете“ напишани од домашни и меѓународни автори. Во текот на денот, купувачите беа вклучени и во активности за искажување на своите надежи за секое дете.

aac

Иако ја отвори својата сегашна канцеларија во Скопје во 1993 година, УНИЦЕФ уште во првите денови од своето создавање пружаше помош за децата во нашата земја:

  • Првата пратка на УНИЦЕФ со облека, обувки, сапун и други итни производи, во август 1947 година, беше всушност за децата на Југославија.
  • Во 50-тите години, УНИЦЕФ работеше со владата на Југославија на подобрување на снабдувањето со млеко. УНИЦЕФ увезе опрема за поддршка на националниот план за конзервирање на млеко – како резултат на тоа, безбедно полномасно млеко им беше обезбедено бесплатно или по многу ниска цена на повеќе од 800.000 деца и мајки.
  • Во 1957 година, УНИЦЕФ го иницираше формирањето на националниот Завод за здравствена заштита на мајки и деца во Скопје. Во тоа време, стапката на смртност кај децата беше висока и изнесуваше 138,6 на илјада живородени деца.
  • Во 1963 година, УНИЦЕФ ги поддржа напорите за помош по трагичниот земјотрес во Скопје.
    • Во 1993 година, УНИЦЕФ беше една од првите две агенции на ОН што отвори канцеларија во земјата по нејзината независност. Оттогаш УНИЦЕФ е меѓу првите кои обезбедуваат хуманитарна помош во време на криза и работи со партнерите за да обезбеди сите деца да уживаат во правото на опстанок и напредување, правото да учат и да пораснат здрави и безбедни.

„Во последниве неколку децении, заедно со владините партнери, донаторите, посветените застапници и поддржувачи постигнавме импресивен напредок за децата. Сепак, многу деца се изоставени само поради тоа каде живеат, поради социјалната положба на нивното семејство, етничката припадност или попреченоста“, продолжи г-ѓа Ериксон. „Сега, повеќе од кога било, сите ние мора да се насочиме кон ставање на најмаргинализираните деца во преден план, за да оствариме резултати за секое дете“.

aaa

aas

aab

 

###

 

Информации за уредниците:

Подолу се дадени уште некои датуми за поддршката што УНИЦЕФ ја обезбеди за децата во земјава:

1946:            11 декември 1946 година, Меѓународниот фонд на Обединетите нации за итни случаи на децата е формиран од Генералното собрание за да се обезбедат материјали и помош за децата по Втората светска војна.

1947:            УНИЦЕФ ја обезбеди првата итна испорака – најголемата испорака на млеко во повоена Европа; облека, обувки, сапун и други итни производи за Југославија.

1948:            Југославија е првата земја во Европа која ќе формира Национален комитет на УНИЦЕФ.

1953:            УНИЦЕФ стана постојана агенција во системот на Обединетите нации.

1953:            УНИЦЕФ увезе опрема за поддршка на националниот план за конзервирање на млеко – како резултат на тоа, безбедно полномасно млеко им беше обезбедено бесплатно или по многу ниска цена на повеќе од 800.000 деца и мајки.

1957:            УНИЦЕФ го иницира основањето на националниот Завод за здравствена заштита на мајки и деца во Скопје

1963:            УНИЦЕФ ги поддржува напорите за помош по трагичниот земјотрес во Скопје.

1993:            УНИЦЕФ беше една од првите две агенции на ОН која отвори канцеларија во Скопје, откако земјата стана независна држава – на почетокот обезбедувајќи итна помош за децата-бегалци од Босна и Херцеговина.

1994-1995:    Во текот на првиот циклус на соработка, УНИЦЕФ презеде одговорност за програмата на земјата за имунизација поради прекините во синџирот на снабдување предизвикани од војните во поранешна Југославија, а подоцна и поради меѓународното ембарго.

1999-2001:    УНИЦЕФ обезбеди итна помош, образование, психо-социјална поддршка, имунизација на децата за време на косовската криза и внатрешниот конфликт во земјата.

2002 -2004:   Поддршката од УНИЦЕФ помогна во земјата да се подобрат теренските активности на примарната здравствена заштита и квалитетот на интерактивна настава. Дваесет и осум болници се сертифицирани како болници пријателки на бебињата. Децата институционализирани во Демир Капија добија право да живеат во грижлива семејна средина и отворени се првите пет дневни центри за деца со попреченост. Земјата стана прва во регионот каде недостатокот на јод е искоренет.

2004:            Починатиот Тоше Проески стана национален амбасадор на УНИЦЕФ и ја сними песната „За овој свет“, која стана химна на УНИЦЕФ.

2005-2009:    Со поддршка на УНИЦЕФ, воведени се наставни програми за животни вештини во сите основни и средни училишта. Донесен е Законот за малолетничка правда прв од ваков вид. Отворени се мали групни домови за децата во институционална заштита. Усвоени се најнови Стандарди за рано учење и развој како рамка за подобрување на квалитетот на раното учење за децата од 0 до 6 години.

2010-2015:    Со поддршка на УНИЦЕФ во земјата, новите центри за ран детски развој помагаат да се зголеми пристапот до предучилишна грижа. Дваесет училишта ги поздравуваат и ги поддржуваат децата со попреченост. Наставата по математика и описменувањето се подобрени. Донесен е Законот за правда за децата. Патронажните сестри започнуваат со рано откривање на деца со тешкотии во развојот.

2015:            УНИЦЕФ обезбеди основна психо-социјална поддршка, безбедно место за одмор и упатувања во социјалните служби, храна и непрехранбени производи за повеќе од 68.488  деца-бегалци и мигранти во движење низ земјата.

2016:            УНИЦЕФ започнува со нова петгодишна меѓусекторска програма во земјата за унапредување на правата на изоставените деца: ромските деца, децата со попреченост, децата-жртви на насилство и злоупотреба, и децата во движење.

 

За УНИЦЕФ

УНИЦЕФ ги промовира правата и благосостојбата на секое дете, во сè што правиме. Заедно со нашите партнери, работиме во 190 земји и територии за да ја преведеме заложбата во практична акција, фокусирајќи посебни напори врз досегање до најранливите и најисклучени деца, за доброто на сите деца, насекаде.

 

За повеќе информации за УНИЦЕФ и неговата работа во земјата, посетете ја страницата: www.unicef.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП