5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на монографија за Александар Џамбазов

Промоција на монографија за Александар Џамбазов

dzambazov

Монографијата „Маестро Александар Џамбазов – Живот низ сеќавања, афоризми, сентенци“ од музиколозите Јулијана Папазова и Елени Новаковска вечер ќе биде промовирана во книжарницата „Литература.мк“.

Книгата е издание на Центарот за музикологија ЦЕМ, создадена по иницијатива на Сојузот на композиторита на Македонија- СОКОМ, во чест на 80-годишнината од раѓањето на Александар Џамбазов.

Промотор на изданието ќе биде Бранка Костиќ- Марковиќ, уредник на Астрорум на Литература.мк. Монографијата е посветена на животот и творештвото на македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов, а опфаќа и повеќе периоди од македонската музичка историја.

„Оваа ретка книга изобилува со разнороден материјал , сите поглавја се документаристички, поткрепени со упати на извадоци од весници(дневни, неделни, месечни), архивски материјали (фотографии, партитури, лична архива на маестрото), интервјуа и лични искази на централната личност во книгата . Пред нас имаме една научно издржана , но и крајно интересна и популарна публикација за читање и препрочитување, книга што недвосмислено го збогатува нашиот книжевен свет соопшти СОКОМ.

Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 год во селото Сталар, Војводина. Музичкото образование го оформил во Скопје(основно и средно музичко училиште) и во Белград, каде дипломирал на тамошната Музичка академија во 1960. Работниот век го поминал во Македонската радио-телевизија, најнапред како соработник во музичките редакции (1960-1964), а потоа како диригент на Танцовиот оркестар, на кое место останува се до крајот на неговиот работен век. Неговото име се врзува со втемелувањето на фестивалот на забавни мелодии„Скопје“ и е основоположник на најпознатиот фестивал на детска песна во Македонија„Златно славејче“.

Тој е добитник на меѓународни признанија, меѓу кои се и највисоките државни („11 Октомври“) за животно дело, „13 Ноември“) и др, стручни награди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП