18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛудилото на емоциите во филмот „Само крајот на светот“ на Гзавје Долан

Лудилото на емоциите во филмот „Само крајот на светот“ на Гзавје Долан

samo-do-kraj-696x522

Филмот „Само крај на светот“ е канадско-француска драма според сценарио и во режија на Гзавје Долан. Тоа е една длабока и трогателна приказна ,која се пренесува суптилно,со сугестивноста на дијалозите, со емоциите кои ги чувствуваат членовите на семејството кога доаѓа до необјаснива загуба на членот од семејството.

Иако главниот лик Луј е сé уште жив и по 12 години отсуство се враќа во родниот град, сакајќи да го извести семејството дека умира, тие реагираат како да се вратил од неочекуваната смрт. Нивните емоции се движат од чувство на вина, бес, режисерот ни ја открива болката на секој член од семејството. Режисерот е сјаен во своето толкување на длабоката болка на тоа семејство и помирувањето на главниот лик со својата претстоечка смрт

Долановото високо стилизирано остварување на ретко убедлив начин ја прикажува безизлезната атмосфера во оттуѓеното семејство. Прикажана ни е анализата на психичката состојба на Луј и неговото двоумење да ја соопшти веста за болеста на своите најблиски, главниот јунак е неподготвен да ја прифати улогата на жртва, бидејќи насетува дека тоа може дополнително да ги загрози затегнатите односи во семејството. Конфликтот на Луј почива и на парадоксот што во минатото своето семејство го доживувал како смрт, бекството од него како живот, додека сега, кога е на чекор од смртта безуспешно се обидува во него да се врати.

Врвот на драмскиот конфликт се одигрува само меѓу главниот лик и неговиот брат Антоан, кој се чувствува во сенка на својот брат Луј и смета дека на брат му добил поголема љубов во семејството, како од мајка им, така и од сестрата Сузана. Луј е миленикот во семејството, нежен, префинет, суптилен, а него го сметаат за груб, агресивен, насилен. Неговите чувства зоврираат и распукуваат во една караница и Антоан го излева својот бес врз Луј.

„Само крајот на светот“ е длабоко песимистички филм на темата семејство кое е прикажано не како институција на грижа и поддршка, туку како нешто што гуши и кочи. Филмот е естетски сјаен, глумците комуницираат само со очите и овозможуваат да ги разберете нивните емоции. Филмот создава емоционална напнатост, нешто што ретко можете да го почувствувате.

Токму затоа и ја освои Гран-при, најпрестижната награда на Канскиот фестивал годинава. Долан многу емотивно и со солзи го прими признанието, цитирајќи го францускиот книжевник Анатол Франс „Попрво го бирам лудилото на емоциите отколку рамнодушноста на мудроста“.

Режија: Гзавје Долан, сценарио :Жан – Лук Лагарс, продуцент :Силвен Корбеј, Гзавје Долан , Ненси Грант, Елиша Кармиц, Натанаил Кармиц,Мишел Меркт, Патрик Рој, Винсент Касел, продукција:Sons of Manuel, MK2 Production, Telefilm Canada, кинематографија Андре Роси, Брајан Саркинен, улоги: Натали Беје, Винсент Касел, Марион Котијар, Леа Сејду, Гаспар Улие , фестивали: Tribeka Film Festival, Edinburgh International Film Festival, Jerusalem Film Festival, New Zealand International Film Festival.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП